Празни возила на „Брза помош“ злоупотребени за оцрнување на Шарената револуција!

Празно возило на „Брза помош“ денеска намерно помина низ блокадата на Шарената револуција на сообраќајот на мостот „Гоце Делчев“. И тоа, два пати...

Демонстрантите првиот пат го пропуштија возилото. Но, во исто време, се појави екипа на неделникот „Република“ да го фотографира настанот, а демонстрантите ја исвиркааа, довикувајќи: „Ало началниче!“. По кусо време, истото возило на „Брза помош“ се врати назад од насоката од којашто дојде и повторно сакаше да помине!

По откривањето на проѕирниот обид за измамана јавноста, демонстрантите ја оворија вратата на возилото, повикувајќи ги присутните фоторепортери - да фотографираат дека внатре нема никој и дека се работи за провокација.

Тоа не спречи дел од провладините медиуми да објават „вест“ дека демонстрантите на Шарената револуција не пропуштиле возило на „Брза помош“.