Прес центар за слободни избори

Цивил ќе отвори прес центар на деновите на гласањето на 13 и 27 април во ГЕМ клуб (Чаршија) кој ќе работи од 7 часот наутро до полноќ. Цивил ќе ги покани невладините организации и граѓан(к)ите во тие денови да дојдат во прес центарот со свои информации и согледувања за текот на гласањето, односно за текот на изборниот процес.

Со почеток напладне, Цивил и заинтересираните невладини организации ќе организираат прес конференција на секои два часа, сé до полноќ, додека директен онлајн пренос ќе биде овозможен во термините 12, 16, 20 и 24 часот на веб-страницата www.freeelections.info, која Цивил ќе ја лансира на денот на гласањето во првиот круг претседателски избори.

Во прес центарот ќе бидат достапни печатени и електронски материјали за новинарите и други заинтересирани, а набљудувачите и раководителите на проектот Слободни избори 2014 и другите организации ќе бидат на располагање за изјави, информации и анализи.

Оваа вест е достапна и на: Albanian