ЦИВИЛ одржа прес конференција за проектот „Избери демократија!“ во клуб ГЕМ, денеска со почеток во 12 часот. На прес конференција се презентираа активностите на ЦИВИЛ и Работните групи за човекови права во Велес, Битола и Тетово. Беше најавен и собирот на граѓани в петок, на 7 март, во паркот „Жена борец“ со почеток во 12 часот, во организација на ЦИВИЛ и Работната група за човекови права - Скопје.
На прес конференцијата беше даден краток осврт на Извештајот за состојбата на човековите права во Македонија кој официјално ќе биде претставен пред јавноста на собирот в петок и ќе им биде испратен на политичките партии, Претседателот, пратениците, Владата, народниот правобранител и други релевантни институции. Се презентираа и видео спотовите за солидарност и јакнење на јавната свест за човековите права кои се на располагање на јавноста преку YouTube и Soundcloud каналите на ЦИВИЛ.
Пресот го водеа Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ и Џељо Хоџиќ, координатор на Работната група за човекови права - Велес и предводник на граѓанската иницијатива 8 Септември. Настанот е најавен на Facebook страната на ЦИВИЛ.