ЦИВИЛ ќе го отвори прес центарот во 6:30 часот изутрина на 29 октомври (недела) во хотел Сити Парк во Скопје. Прес центарот ќе биде отворен до 2 часот по полноќ или подоцна, доколку има потреба за тоа.
Аналитичкиот центар ќе биде сместен во истите простории и ќе прима извештаи од теренот, како и јавувања од граѓанките и граѓаните на кои ќе им биде потребна информација или совет.
Претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање на медиумите во текот на целиот ден и вечерта. Прес конференции ќе се организираат во 9:30, 12:00, 17:00, а по 19 часот ќе организираме повеќе активности, вклучувајќи соопштение до јавноста, прес конференција и панел дискусија во 21:30 часот, со членови на Експертскиот борд на ЦИВИЛ, но и со други гости.
ЦИВИЛ ги поканува сите граѓанки и граѓани да поставуваат прашања на Фејсбук или по електронска пошта ([email protected]) во текот на целиот ден и вечерта. Дежурен тим ќе ја следи комуникацијата и веднаш ќе одговори на сите прашања или ќе ги објавува информациите кои ќе пристигнат на адреса на организацијата.
За разлика од минатиот пат, ЦИВИЛ нема да ги емитува прес конференциите во живо, но ќе биде отворен за сите заинтересирани новинарки и новинари во секое време. ЦИВИЛ ќе обезбеди простор за оние што ќе сакаат да работат и известуваат од прес центарот за своите редакции. На располагање ќе имаат лаптоп и принтер, како и пристап до интернет.
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријават било каква повреда на нивното право на глас или изборни нерегуларности на онлајн формуларот www.slobodniizbori.info или на мејл [email protected]. Телефони: 02 / 5209 176, 071 608 523, 078 / 746 138.
Исто така, ЦИВИЛ ја информира јавноста дека на веб страниците www.civilmedia.mk на македонски и www.drejt.mk на албански јазик, се објавуваат информации и извештаи од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ и други информации важни за граѓанките и граѓаните.