На утрешниот ден на гласањето, ЦИВИЛ во соработка со ГОНГ (Хрватска) ќе отвори прес центар во хотел Сити Парк, со почеток во 6:30 минути. Прес конференциите ќе бидат достапни онлајн, на YouTube каналот на ЦИВИЛ во редовните термини, но не се исклучени и вонредни јавувања, зависно од состојбата на теренот.
Во текот на денот и ноќта, ќе се одржат повеќе редовни прес конференции, а доколку има информации за вонредни настани, ќе се организираат прес конференции надвор од утврдените термини. Првата прес конференција на ЦИВИЛ ќе се одржи во 10 часот наутро.
Во 12 часот, ќе се одржи кратка панел дискусија со експертите на ЦИВИЛ и ГОНГ.
Понатаму, прес конференции ќе се одржат во 13, 16, 18, 20 и 21 часот. Панел дискусии со експерти и претставници на ЦИВИЛ и ГОНГ, но и други невладини организации, ќе се одржат во 20 и во 22 часот.
Оваа вест е достапна и на: Albanian