Претседателот Стево Пендаровски, Сашо Орданоски, Мирјана Најчевска, Александар Кржаловски, Алберт Муслиу, Фани Каранфилова Пановска, Мерита Максути, Савка Тодоровска, Ибрахим Мехмети, Афердита Хаџијаха, Ленче Здравкин, Мерсиха Смаиловиќ, Дехран Муратов и Џабир Дерала ќе говорат на конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“ за успесите, проблемите и перспективите на невладиниот сектор, што се одржува утре (29 ноември 2019, петок) во Музејот на Град Скопје со почеток во 13 часот.
ЦИВИЛ го организира Фестивалот на слободата и ја одбележува 20 годишницата на ЦИВИЛ со повеќе настани и активности, кои беа најавени на прес конференцијата на 24 ноември.
Кои беа и кои се клучните предизвици во годините што изминаа и годините пред нас? Како до повидлив и повлијателен граѓански сектор и подобри резултати во иднина? Ова се дел од темите на кои ќе говорат ветераните во граѓанскиот сектор и најистакнатите соработници на ЦИВИЛ во изминатите 20 години.
Модераторки на настанот ќе бидат Дијана Тахири и Маја Ивановска од ЦИВИЛ, а настанот ќе go отвори Петрит Сарачини, директор на Фестивалот на слободата 2019.
ЦИВИЛ Тим за комуникации
Оваа вест е достапна и на: English