Пријави нерегуларности овде

Цивил активира веб страница за пријавување изборни нерегуларности на линкот www.slobodniizbori.info. Имајте предвид дека вашите лични информации при пријавувањето на изборните нерегуларности ќе бидат третирани од наша страна како строго доверливи. Не заборавајте во пријавите да го споменете местото и времето на настаните.

web-si-printscreenПокрај можноста за пријавување на изборни нерегуларности, на новиот сајт ќе има пренос во живо од прес центарот на Цивил кој ќе биде отворен на 12 и 27 април во клубот ГЕМ (Чаршија) и ќе работи од 7 часот наутро до полноќ. Прес конференциите ќе се одржуваат на секои два часа, почнувајќи од 12 часот напладне, сè до полноќ, додека преносите во живо ќе бидат овозможени на оваа веб-страница во термините 12, 16, 20 и 24 часот.

Цивил ги поканува невладините организации и граѓан(к)ите на 13 и 27 април да повелат во прес центарот на Цивил во ГЕМ клуб со свои информации и согледувања за текот на гласањето, односно текот на изборниот процес. Во прес центарот ќе бидат достапни печатени и електронски материјали за новинарите и други заинтересирани, а набљудувачите и раководителите на проектот Слободни избори 2014 и другите организации ќе бидат на располагање за изјави, информации и анализи.