Приказната за Граѓанската повелба досега...

Граѓанската повелба е глобален документ за учеството на граѓан(к)ите во процесите на одлучување која е лансирана во 2016 година. ЦИВИЛ - Центар за слобода е една од првите 50 светски организации потписници на повелбата. 

Меѓународниот центар за граѓанско општество неодамна го промовираше и видеото за Граѓанската повелба како основа за моќно и растечко движење на граѓан(к)ите на глобално ниво.

Во видеото може да дознаете повеќе и за тоа како можете да се вклучите во заедницата како активист за граѓанските права.

„Граѓанска повелба - што има тука за мене?“ е кампањата во Македонија. Благодарение на работата на активистите за граѓански права (или цивили, како што ги нарекуваме) во ЦИВИЛ - Центар за слобода во Македонија, Граѓанската повелба стана позната во градовите низ целата земја. Градењето на кампања која инспирираше стотици Македонци да ја потпишат Граѓанската повелба во 2017 година.

ЦИВИЛ како дел од оваа заедница оваа година ќе спроведе регионална кампња за одбрана на граѓанските слободи на Балканот. Преку забавен и провокативен активизам, чија цел е подигнување на свеста кај јавноста, ЦИВИЛ ќе организира работилници за одбрана на граѓанскиот простор за организациите на граѓанското општетсво во Македонија и соседните земји. На крајот ЦИВИЛ ќе одржи конференција со ангажирање на бизнис и владини претставници од регионот.

М.И.