Прилеп: Мајка чии деца заминале во странство, побара оставка од Владата

На вечерашниот протест во Прилеп, една мајка со својата емотивна исповест, раскажа дека нејзините деца го напуштиле домот и државата за да бараат опстанок во странство, и ги повика сите мајки, сите родители, без оглед на националната, верска, партиска припадност да и кажат „Збогум“ на Владата и на власта на Никола Груевски.

Прилепчанката Виолета Мартиноска ги повика своите сограѓани на единство и истрајност во нивните ставови, за како што рече, да се стави крај на криминалот и корупцијата во државата и да се создадат услови за подобра иднина на сите млади луѓе.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=dpSDnfL1bO4[/youtube]

Прилепчани се крајно револтирани од одлуката за аболицијата што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов, и бараат не само повлекување на одлуката, туку и негова оставка. Го сметаат за ненароден претседател, кој што води грижа само за личните интереси.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=HyKQCYVb5gI[/youtube]

Откако граѓански активисти на здружението „Протестирам“ ги акцентираа барањата, демонстрантите и вечерва се упатија кон споменикот „Карпалак“, а оттаму и пред општинската зграда.В о знак на револт од политиките на локалната и централната власт, фрлаа јајца, ги обоија прозорците на Градската куќа и останаа едногласни во ставот, дека протестот продолжува утревечер во 19 часот на истата локација.

И вечерашниот протест се одржа со засилено присуство на полицијата.