Прилеп: Продемократските протести под силно полициско обезбедување

Демонстрантите денес во Прилеп побараа, „криминалците од власта да одат во затвор“, а демонстрациите се одржаа со силно полициско обезбедување.

Граѓанскиот активист и новинар, Огнен Јанески,вечерва во Прилеп, посочувајќи на наводи од `бомбите` од СДСМ, поврзани со работата на власта, ги повика: градоначалникот Марјан Ристески, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и експремиерот Никола Груевски, да објаснат, зошто државата тоне се повеќе и секој ден.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=N8dS57XuJPc[/youtube]

На вечерашниот протест, граѓанските активисти на здружението „Протестирам“ ги потенцираа барањата до власта и меѓународната заедница, за повлекување на одлуката за аболиција и на одлуката за избори на 5-ти јуни.

Прилеп, 27 април 2016

Прилеп, 27 април 2016

Протестот продолжи со марш за правда во центарот на градот и пред споменикот „Карпалак“,за да финишира пред Градската куќа, каде беше манифестирано незадоволството и од работата на локалната власт.

Според најавите, граѓанските собири во Прилеп, продолжуваат по Велигденските празници, во вторник.

Моника Талеска