Мобилните тимови на ЦИВИЛ го искористија убавото време во Прилеп во саботата напладне, да разговара со над стотина граѓанки и граѓани за политичката состојба и за подготвеноста за слободни избори на централно, но и на локално ниво.
На градскиот плоштад прилепчани беа информирани за проектот „Напред!“ и беа поделени над 1.500 триплети со едукативни и информативни содржини за самиот проект и за начинот за аплицирање за набљудувач на ЦИВИЛ.
Тимовите на ЦИВИЛ разговараа и со локалните медиуми, со претставници на локалните граѓански здруженија, како и со претставници на политичките партии во Прилеп.
Големиот број прилепчани кои беа заинтересирани да се информират за јавниот настан, порачаа: „Храбро и само напред!“
Прилепчани со задоволство учествуваа и на снимањата на фото петицијата: “Јас сум за слободни избори”, и на видео петицијата со порака: “НАПРЕД!”
Тимовите на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање за изјави за медиумите, како и за разговори за размена на информации со претставниците на граѓанското општество и политичките партии кои претходно се информирани и поканети. Исто така, заинтересираните граѓанки и граѓани, ќе имаат можност да учествуваат во фото-петицијата „За слободни избори“.
ЦИВИЛ спроведува целосен, сеопфатен, непристрасен и објективен мониторинг на подготовката и на текот на целиот изборниот процес и на почитувањето на гласачкото право. Во тек се активности за селекција, ангажирање и едукација на долгорочни, краткорочни и граѓански набљудувачи на изборниот процес во Република Македонија.
Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.
Проектот се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ.
Проектот „Напред!“, кој започна во јануари и ќе трае седум месеци, се финансира со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.
Како и досега, заедно со граѓанките и граѓаните, ЦИВИЛ придонесува и ќе придонесува за создавање услови за слободни избори.
Учествувајте во нашите активности за јакнење на јавната свест за правата на гласачите!
Оваа вест е достапна и на: Albanian