Оливер Манасиев, доктор-стоматолог, од Кочани, кој е и единствен орален хирург во Источна Македонија, е под постојан политички притисок на власта. Неговата приватна стоматолошка ординација, секојдневно е на удар на инспекции и на разни притисоци. Причина за тоа, како што и навел на соработничката на ЦИВИЛ Медиа, граѓанска новинарка од Кочани, е неговото членство во Извршниот одбор на опозициона партија во градот.
Како што објаснува стоматологот, и покрај тоа што е орален хирург, со приватна специјализација која сам си ја платил, Министерството за здравство не му дозволило да склучи договор, за да може да ја врши својата дејност, како орален хирург, и сега работи како општ стоматолог.
Манасиев, тврди и дека токму затоа што е опозиционер, нема можност да аплицира до пристапните фондови, а не му следуваат ниту бенефициите од субвенционирано вработување, што би му помогнало да го зголеми бројот на вработени во ординацијата.
Христина Илијева
Оваа содржина се објавува во рамките на третиот круг од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ, поддржан одNational Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.