На седмиот ден од изборната кампања, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подбра Македонија“ ќе имаат митинг во Скопје, а СДСМ и коалицијата митинзи во Свети Николе и во Велес.
Демократската партија на Албанците (ДПА) ќе има митинг во Чегране - Боговиње, а „Алијанса за Албанците“ ќе одржи средби со граѓаните во Битола, во Ресен и во Крушево.
„Коалицијата за промени и правда“ денеска ќе одржи митинг во Сопиште.