Изминатава недела, Велес повторно, беше излепен со плакати со кои се продолжува „црната“ кампања и агресивната пропаганда на сметка на активностите на опозицијата.
Според известувањата на набљудувачите на ЦИВИЛ - Центар за слобода од Велес, плакатите се наоѓаат по должина на улицата „Благој Ѓорѓев“, до кружниот тек кај „Авона“, па сé до плоштадот С'рмаале, односно, релацијата по која се движи Шарената револуција.
Пораките беа со информативна содржина за сработеното на ВМРО - ДПМНЕ, и за наводните неуспеси на СДСМ:
„ВМРО – ДПМНЕ отвори три нови фабрики, СДСМ затвори десетици фабрики и фирми во градот“
„ВМРО – ДПМНЕ - нова фабрика во просториите на поранешна „Порцеланка“, СДСМ ја затвори фабриката, а стечајците беа тепани пред Владата, затоа што протестираа“
„ВМРО - нов театар во Велес, а СДСМ ја уништуваа и сé уште ја уништуваат културата и националните вредности“.
Д.Р.
Оваа содржина се објавува во рамките на четвртиот круг од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.
Оваа вест е достапна и на: Albanian