"Професорскиот пленум најостро го осудува начинот на којшто вчера се одвиваа изборите за нов претседател на Студентскиот парламент при УКИМ (СПУКМ). Членовите на Професорскиот пленум се шокирани од фактот дека гласањето не беше прекинато и покрај забележаните неправилности", се вели во денешното соопштение на Пленумот.
Професорскиот пленум го обвинува МВР за бруталноста и вмешувањето во срамните избори.
„Професорскиот пленум најостро ги осудува директното вмешување во изборниот процес и бруталната тортура од страна на Специјалната единица за брзо распоредување (ЕБР) при Министерството за внатрешни работи врз претставниците на Студентскиот пленум кои искажуваа незадоволство од изборните неправилности. Со тоа, МВР стана соучесник во криминалниот чин", резигнирани се професорите - членовина Планумот.
Од пленумот на професорите на УКИМ, денес излегоа и со неколку барања: "Бараме од Ректорот, Ректорската управа и Сенатот на УКИМ, односно, раководните лица и тела на единиците при УКИМ, да не ги признаат вчерашните криминални избори. Вчера беше нанесена катастрофална штета на угледот на УКИМ и на правата на студентите. За таа цел, Професорскиот пленум бара итни седници на овие тела со единствена точка на дневниот ред – разгледување и средување на оваа скандалозна состојба. Професорскиот пленум бара итно преземање на одговорност од сите што спроведуваат, оправдуваат и простуваат самоволие и насилство. Бараме владеење на правото и на неселективната правда, почитување на правото на говор, на правото на слободна и на критичка мисла и создавање услови за слободно изразување на волјата на студентите."
Доколку овие барања не се исполнат, членовите на Пленумот ќе бараат неотповиклива и итна оставка на членовите на Сенатот и на Ректорот и на сите одговорни лица кои без конкретна акција и реакција на вчерашните настани ќе ја продолжат оваа агонија.
Оваа вест е достапна и на: Albanian