Промоција на „Граѓанската повелба“ во Штип

Серијата на јавни промоции на проектот „Општество без граници“ и на „Граѓанската повелба“, ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе ја продолжи на Градскиот плоштад во Штип, во среда, на 10 мај, во 12 часот, со инфо-штанд, фото и видео-петиција, како и со потпишување на поддршка на „Граѓанската повелба“.
На отворениот настан се поканети и медиумите, за кои претставници на ЦИВИЛ ќе одржат прес-конференција во 13 часот, а на која ќе се презентираат детално сите активности што се спроведуваат како дел од проектот „Општество без граници“.

Тимот на ЦИВИЛ ќе има и тематски средби со претставници на граѓанското општество од Штип, поврзани со социјалната правда и екологијата на локално ниво, а на кои ќе се дискутираат и можностите за поддршка и вклучување во активностите за промовирање на „Граѓанската повелба“ – глобален документ за унапредување на граѓанските права и активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

ЦИВИЛ го спроведува проектот „Општество без граници“ во соработка со Фондацијата „Heinrich Böll“ – канцеларија Сараево.