Вечерва сите љубители на стихот ќе имаат можност да ја проследат промоцијата на збирката поезија „Сарјечја“ на босанскиот политичар, професор и поет Харис Силајџиќ. Промоцијата ќе се одржи во М6 Едукативен центар со почеток во 19:00 часот.
Промотор на збирката ќе биде професорот д-р Ферид Мухиќ а свое обраќање ќе има и авторот Харис Силајџиќ. Промоцијата ќе биде на босански јазик.
Харис Силајџиќ е доктор на историски науки, работел како професор на Филозофскиот факултет во Сараево и држел предавања на многу универзитети низ светот, меѓу останатите, и на Харвард.
Ги извршувал должностите министер за надворешни работи (1990-93) и премиер во Владата на БиХ (1993-95).
Од 2006 до 2010 бил бошњачки член на Претседателството на БиХ.