Измените во екстерното тестирање се пропагандистички чекор на Власта!

Според измените во Законот за основно и средно образование, експресно усвоени на вчерашната собраниска седница, без присуство на опозицијата, екстерното тестирање ќе започнува од шестото одделение, а добиените оценки нема да бидат зебележени во свидетелството на ученикот. Набљудувачите кои ќе бидат задолжени да го следат тестирањето ќе се избираат на јавен конкурс  

ЦИВИЛ Медиа разговараше со неколку наставници и професори, за тоа што всушност, ќе се промени во пракса, по усвојувањето на законските измени.

10683595_850078155110655_2940404769489044065_o

Наставничка од едно основно училиште од Битола вели: „Како што се одвиваше екстерното тестирање сите овие години, не треба да се направат измени, туку тоа треба целосно де се укине. Целта е сосема промашена. Искрено можам да кажам дека на оваа тема во училиштата секојдневно се зборува во негативен контекст, но знаеме и дека СОНК нема побарано да се направи анализа на проблемите. Знам дека сега им се додворуваат со сите средства на наставниците, кои и така голем дел се партиски, слепи послушници, за да ја искористат оваа заспаност во летниот  период. Овај вакуум сакаат да го искористат со добро познатата тактика, тотална амнезија на се што досега направиле во образованието".

Фросина Митрушева, професорка по математика во СУГС Гимназија „Раде Јовчевски –Корчагин“, смета дека „се работи за формални, пропагадни промени, суштински ништо не се менува. И покрај тоа што нема да влезат оценките во просекот, сепак, има можност да влијаат при уписот во средно училиште и на факултет. Смируваат тензии кај родителите, инаку стресот кај децата нема да биде помал со овој начин на полагање".

На прашањето како последните законски измени ќе влијаат врз наставниците, Митрушева вели:

„За наставниците нема никаква промена, останува механизмот на казнување и на наградување, на начин на кој ние не го поддржувавме. Тоа што го бараше Наставничкиот пленум и со што се согласуваат најголем дел од професорите е - да има екстерно кое ќе служи за дијагностицирање на проблемите во образование, а не што ќе служи за заплашување на професорите. Тоа не се направи".

„Со 'новиве', измени уште повеќе ќе се направи раздор меѓу наставниците, со тоа што одделенските наставници се 'помилувани', а тие од шесто до девето одделение, ќе бидат на 'стрелба'. Повторно ќе се јават 'наштимани  оцени', со благослов на директорите кои на одредени наставници, им  дозволуваат да влегуваат во просториите каде се одвива екстерното и да си ги 'дотераат оценките'. Наше е да кажеме дека екстерното, вакво какво што е, и  со измени и без измени, мора  да се укине, се дотогаш, додека не се испитаат кои форми на екстерно оценување се најдобри, со претходно, добро направени студии и странски искуства", ни изјави нашата втора соговорничка од Битола, наставничка која сака да остане анонимна.

М. Теговска

 

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian