Протест на Албанците против власта утре во Скопје

Денеска, Организацискиот одбор на протестот под мотото „Стоп“ одржа прес-конференција, на која се открија организациски детали утрешниот ден. Протестот ќе започне утре во 14 часот  кај мостот на Бит пазар, а ќе заврши со марш до Собранието на Република Македонија.

Советот, кој се состои од членови на Движењето за реформи во ДПА, Националната демократска преродба, Организација на воени ветерани на ОНА и организацијата Илирикум Либертас, ги повикаа студентите и нивните сојузи, организациите граѓанското општество, албанските политички субјекти, секој дом каде што се зборува на албански јазик, да ја врзат својата судбина со заедничката волја.

13020173_10153725683663740_576348817_n

„Ние ќе протестираме против опструкциите кон Специјалното обвинителство, против политички монтираните процеси, против затворањето на Албанците, против ова владеење, против овој систем, против овој статус, како чин на отпор кон режимот“, се вели во соопштението на организацискиот одбор на протестот.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian