Протест против дивата депонија во Тетово

Жителите од тетовската населба Деребој, денеска протестираа против дивата депонија која се наоѓа веднаш до нивната населба. Протестот се одржа пред зградата на Oпштина Тетово, каде беше и доставено писмо до градоначалничката Теута Арифи, со кое се побара санирање на депонијата. Симболично пред општинската зграда, демонстрантите фрлiја ѓубре. 

Untitled

 

ЦИВИЛ Медиа, разговараше со Арианит Џафери, од невладината организација „Еко герила“, како организација која го поддржува протестот.

„Во моментов, најважно е иницијативата и протестот да произлезат од граѓаните на кои оваа депонија најмногу им пречи, а ние како организација, ја даваме целосната поддршка“, вели Џафери, кој потврди дека жителите на оваа населба планираат и други протести и акции.

13612292_10154056258424760_5349068414824727934_n

Дивата депонија се наоѓа на помалку од еден километар од центарот на градот и е веднаш до силосите и погоните на “Жито Полог“,  еден од најголемите производители на леб во Тетово. Неподносливата миризба од депонијата која се наоѓа на влезот на градот и загадувањето, беа причина за денешниот протест, и за следните активности.

М. Теговска