Протест во вторник: Марш и целовечерно бдеење над Уставот

„Ајде!“ – Платформата за граѓанска политика ги повика сите граѓани и граѓанки на Македонија, без оглед на нивната припадност или членство во организации, здруженија, иницијативи, синдикати и политички партии, масовно да учествуваат на протестот и бдеењето над Уставот.

petrit_press_Ustaven

Петрит Сарачини

Настанот ќе започне во вторник во 18 часот, со протестен марш од Владата, а ќе продолжи со целовечерно бдеење пред Уставниот суд и дочекување на почетокот на неговата седница, закажана за среда наутро, на 16-ти март, кога судот ќе ја разгледува инцијативата за укинување на делови од Законот за помилување, со што на претседателот на државата ќе му се овозможи помилување на лица поврзани со изборeн криминал и други тешки кривични дела.
На маршот во вторник, граѓаните од Владата ќе се упатат кон Народната канцеларија на претседателот на државата кај “Рекорд”, потоа кон Собранието на Република Македонија и на крајот ќе пристигнат пред Уставниот суд, и таму ќе останат во текот на ноќта.

На денешната прес-конференција пред Уставниот суд, претставниците на Платформата за граѓанска политика “Ајде!”, Уранија Пировска и Петрит Сарачини, ги истакнаа барањата на граѓаните, порачувајќи им на петтемина уставни судии, Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Јован Јосифовски, дека мора да ја поништат одлуката за помилување и дека мора да си поденесат оставка.

Uranija_Press_Ustaven

Уранија Пировска

Пировска и Сарачини потсетија дека ова е најбрзо разгледувана иницијатива на Уставниот суд во неговата историја, а начинот и брзината со кои Уставниот суд ги разгледува другите иницијативи на граѓаните (при што ја посочија иницијативата со илјадници потписи на граѓаните за законите за хонорарците, како и начинот на кој се одлучуваше за лустрацијата, одложеното распуштање на парламентот, бркањето на новинарите од Собранието на „црниот“ 24 декември), јасно укажуваат дека Уставниот суд работи под политички диктат на власта.
“Помилувањето за вакви дела е директно уривање на основниот темел на демократијата - слободните избори. Граѓаните, кои се носители на суверенитетот според Уставот, нема да дозволат веќе некој да си игра со нивната држава, и ќе ги искористат сите демократски средства кои им стојат на располагање. Доколку во среда Уставниот суд не постапи во согласност со нашите барања, протестите ќе продолжат”, порачаа граѓанските активисти.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian