Протести - ден тринаесетти: „Се додека нема правда, нема да има мир!“

Илјадници граѓани 13-ти ден протестираат поради аболираните политичари од претседателот Ѓорѓе Иванов и даваат силна поддршка на Специјалното јавно обвинителство. Денеска поворката тргна од СЈО и додека се движеше кон Собранието, граѓаните повторно ги „вапцаa“ Народната анцеларијата на Претседателот и Министерството  за правда, извикувајќи „Се додека нема правда, нема да има и мир!“

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=T21x1AwGl4A[/youtube]

 

Пред Собранието на бината се обрати Душко Стојановски, професор во средното училиште „Орце Николов“, кој се обрати на неговите некогашни ученици да застанат на страната на правдата.

DSC_0398

Душко Стојановски, професор

„Ги повикувам Нинослави, Дејани, Тањи, Душани, Златковци..., знам каков бистар ум имавте, знам колку знаевте да зборувате за слобода и демократија. Зошто дозволувате да си играат со вас? Зошто дозволувате личности коишто немаат ниту Л од тоа што е личност, ниту Ч од тоа што е човечност, да бидат некои околу кои ќе бидете само инструменти за нивните апетити. Ве повикувам, расчистете ги вашите политики таму внатре, и приклучете се кон сите нас овде, затоа што овде е светлината“, истакна професорот Стојановски.

Продемократските демонстранти од Собранието маршот го продолжија до Владата на Република Македонија.

Оваа вест е достапна и на: Albanian