И Македонците од Австрија денес се собраа да им изразат поддршка и солидарност со сограѓаните во Татковината.
Според Македонецот од Виена, Трајче Јанушев кој ни дозволи да ги објавиме неговите фотографии и видеото од денешниот протест, Македонците од Австрија ги поддржуваат продемократските демонстранти од Скопје и од другите македонски градови, свесни дека „патот што го зачекориле по улиците на Скопје за враќање на партиски заробената држава - во рацете на граѓаните е долг, но единствено праведен“.
Македонците во Австрија пишуваат дека ја споделуваат „јасната определба за враќање на слободата како прв предуслов за демократија и уривање на актуелно воспоставениот автократски систем на вледеење“.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=niJ2tcBe6gI[/youtube]
Тие ги поддржуваат барањата на продемократските демонстранти во Македонија, свесни дека „за да се организираат кредибилни избори, што понатаму треба да резултира со департизирање на институциите кои наместо на партиите, повторно ќе се вратат во служба на граѓаните, клучно е нивното исполнување.