Со слоганот „Пробавте да сокриете убиство“, движењето #Протестирам денеска го започна својот протест во Скопје, пред Специјалното јавно обвинителство.
#Протестирам денеска објави: Денес е 5 мај! Помина година дена откако ја слушнавме вистината за убиството на Мартин. Поминаа скоро пет години од убиството. Режимот тогаш проба да сокрие убиство - не му успеа! Режимот пред година дена тепаше и апсеше за да заплаши - не му успеа! Силата и бруталноста не се моќ. Тие се последното засолниште на немоќните. Тие се засолниште на оние кои не успеале да бидат праведни, не успеале да им служат на граѓаните. На таа немоќ возвраќаме со нашата моќ - здруженоста, страста и трудот да донесеме подобро утре! Ќе нѐ има на улиците! Ќе бидеме бучни! Ќе бидеме пркосни! И секогаш ќе се спротивставуваме на полициската бруталност, како манифестација на режимот! Се гледаме во 18:00 пред СЈО! #Протестирам #Protestoj
Продемократските демонстрации продолжија пред Собранието на РМ, каде се слушаат прислушуваните разговори поврзани со убиството на Мартин Нешковски, кој беше брутално претепан до смрт, ноќта по изборите во 2011 година.