Протестен марш за работнички права ќе се одржи денеска во Скопје, со почеток во 18 часот. Зборно место е Домот на културата „Кочо Рацин“.
Протестниот марш го организираат потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права, кои испратија Првомајски проглас до работниците, работничките и сите граѓанки и граѓани на Република Македонија.