Во пресрет на големиот мултимедијален настан во Штип, во петок на 23-ти септември, Караванот на слободата, денеска ги посети соседните општини: Свети Николе, Радовиш, Чешиново-Облешево, Карбинци, Виница и Кочани, каде тимовите на ЦИВИЛ – Центар за слобода делеа информативен материјал, разговараа со жителите на општините, промовирајќи ги целите на Караванот на слободата.
Во Штип, со почеток во 12 часот, во присуство на локалните медиуми, се одржа прес-конференција, на која беше најавен утрешниот концерт на Градскиот плоштад, на кој ќе настапат Тони Зен, „Бла, бла, бла...“ и „Стринг Форсис“.
Петрит Сарачини, програмски координатор на ЦИВИЛ, го промовираше Караванот на слободата и ги покани сите граѓанки и граѓани на Штип и на останатите општини, на утрешниот мултимедијален настан на кој, покрај големиот концерт во 20:00 часот, ќе можат да присуствуват и на дебатата „Македонија, со или без слобода“ во општинската сала во 18:30 часот и на уметничката работилница „Слобода во боја“.
Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да се разбуди граѓанската свест и граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво. Проектот е поддржан од УСАИД.
Оваа вест е достапна и на: Albanian