Здружението „Конект“ во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС, изработи анализа на јавните политики поврзани со средината за вработување во граѓанските организации.
Анализата на јавните политики за средината за вработување во граѓанските организации со наслов: „Граѓанскиот сектор - невидлив работодавач“ и клучните наоди и препораки ќе бидат јавно презентирани денеска, во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“, во 12:00 часот. Резултатите од анализата ќе послужат и за формулирањето на Извештајот од следењето на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество за 2015 година, што ќе го издаде МЦМС.
Презентацијата опфаќа осврт на економската вредност на граѓанскиот сектор, клучни наоди од анализата и препораки.
Анализата е подготвена во рамки на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“, спроведуван од БЦСДН (Balkan Civil Society Development Network) и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА), а финансиски поддржан од Европската унија.
Оваа вест е достапна и на: Albanian