Петрит Сарачини, програмски раководител во Македонскиот институт за медиуми (МИМ), имаше свое излагање на дискусијата на тема „Слобода на говор и медиуми во Македонија: Предизвици и решенија“.
Свесни сме дека медиумите и новинарството во Македонија се заложници на овој политички конгломерат, пред сè на владеачката политика, на големите бизнис интереси кои се во цврста врска со политичките интереси и на едиторите, како последен дел од оваа коалиција, кои место да се авангардата на новинарството и предводници во одбрана на независното новинарство, тие останаа на најниското ниво во оваа коалиција. Нормално тие не го јадат колачот, туку гребат од она што ќе остане на маса. Инструментот за контролирање на медиумите и новинарството во Македонија е истиот оној кој се користи во политиката од најстарите времиња па до денес, а тоа е по принципот на „морков и стап“ пристапот. Морков e државното рекламирање и рекламирањето за компаниите кои имаа јаки врски со владеачките партии. Тоа завршува кај медиумите кои се приклонети кон владечките партии и ништо не оди кон медиумите кои се критични кон владата и кон оние со големи бизнис интереси. Што се однесува до терминот, самиот збор новинар, и тука го имате принципот на „морков и стап“ пристапот. Некои новинари завршуваат како Кежаровски и Божиновски.
Сигурно сте слушнале што се случи со последната одлука на Уставниот суд, без разлика што беше прекршен нашиот Устав и правилникот на Собранието, бидејќи Собранието треба да гласа со две третини од мнозинството и новинарите беа тргнати од галеријата. Собранието пресуди дека тие што се горе беа загрозени од тие што се долу во холот. Ќе ги спомнам и случаите на нашите колеги, новинари, Бесим Ибраими и неговото искуство додека ги набљудуваше протестите за „Монструм“ и уште еден новинар кој го покриваше насилниот протест од представници на македонската етничка заедница во Ѓорче Петров. Колку што знаеме од нашите колеги, полицијата им се заканувала, а снимките, метеријалот од терен и камерите им биле одземени. Последен ваков случај се однесува на нашиот колега Дехран Муратов, новинар од ромската заедница, додека го покривал протестот на луѓе без социјално и здравствено осигурување. Неговата камера била одземена, а мобилниот телефон му бил детално проверен од полицијата и материјалот му бил избришан. Да не заборавиме дека овој стап не се однесува само на случаите на клевета. Има постојано застрашување и постојано етикетирање на новинари кои критички пишуваат за политиката на Владата и постои култура на неказнивост. Имате случаи кога критичкото новинарство било под постојано застрашување и етикетирање и случаи каде тие што ја подржуваат Владата не излегуваат на судење. Овие случаи се чуваат во фиоки.
Кога зборуваме за јавниот сервис, овие луѓе се сметаат за неподобни новинари. Овој заклучок се изведува од истражувањето „Зошто е важен интегритетот на медиумите“, во кое свој удел имаше и МИМ, а се работи за истражување во рамки на проектот „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“. Неподобен новинар е оној кој не е во иста линија со политиката на владеачката партија. Јавниот сервис, за жал, не може да биде „отпуштен“, новинарот во јавниот сервис се смета за јавен работник, но може да биде пратен во Стенковец. Стенковец е бегаласки камп во периодот на Косовската криза во 1999 г. Значењето е дека ако е на екранот во главнте вести, ќе биде пратен во собата за документирање на вестите и засекогаш заборавен. Во приватните медиуми се практикува дефинирање на новинарот како „Црна мамба“(Black Mamba), отровна змија која содржински го проголтува новинарот. Веста поминува преку едиторот, уредникот и наредниот ден воопшто не се појавува на екранот. Морков се употребува преку корупција на новинарите. Минатата година имавме пријавено случаи на новинари кои, како провладини новинари, добиваат пари преку тендери за нивните приватни бизниси, за рекламирање на Владата. Може само да претпоставиме со каква услуга ѝ враќаат на Владата. Ова е нешто за кое треба да се зборува.
Што се однесува до решенијата, мислам дека станавме појаки како медиумска заедница во однос на активизмот и директниот пристап кон нашата публика, која на крај на денот е таа што ќе не спаси ако постои јака врска меѓу публиката и редакцијата, јавноста всушност е вистинскиот сопственик на медиумите. Ова е добра основа од која може да се почне. Градење на коалиција меѓу медиумските заедници е исто така решение и нешто на кое почна да се работи интезивно и покрај тоа што, да бидеме искрени, почесто гледаме едни на други како конкуренција, а не како сојузници, онака како што треба да бидеме во овие тешки времиња. Истражувањето во новинарството е навистина силно во Македонија, но за жал добар новинар нема влијание во излегувањето на неговата приказна во медиумите. Ова треба да се нотира и промовира во иднина. Оние медиуми кои се добри треба да знаат дека сега е време да се обединат и да се маркираат повисоко како етички, да градат коалиции, заеднички кодекси и тела кои ќе ги презентираат пред јавноста како добри медиуми. На тој начин ќе се направи разлика од оние медиуми кои ги лажат и се манипулативни кон граѓаните. И на крај инвенстирањето, а тука ја гледам улогата на донаторите, меѓународните политички институции кои ќе инвестраат во независното истражување и во независните медиуми. За жал, Македонија го одмина моментот кога медиумите се креираа со поддршка на меѓународната заедница. Едно време напредувавме. Сега сме, пак, на место кога македонското новинарство нема потреба од обуки, отколку што има потреба од финансиски средства за инвестирање во независното новинарство.
Биљана Јордановска