Петти ден на изборната кампања: СДСМ во Виница и Кочани, ВМРО-ДПМНЕ во Валандово и Гевгелија, ДПА во Отља...

На петтиот ден од почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори, закажани за 11-ти декември, политичките партии и коалиции, партиципиенти во овој изборен процес, продолжуваат со митинзи и средби со граѓан(к)ите низ земјата.

СДСМ и опозициската коалиција денеска ќе имаат митинзи во Виница во 17,30 часот и во Кочани во 19 часот.

Предизборниот караван на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе има митинзи во Валандово во 17,30 часот и во Гевгелија во 20 часот.

Предизборниот караваан на ДПА денеска ќе гостуваа во селото Отља, Oпштина Липково во 18,30.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи ќе има прес-конференција во седиштето на партијата, а носителите на изборните единици 1 и 2, Артан Груби и Ејуп Алими ќе имаат прес-конференција на патот кон Блаце во 13 часот.

Ден Дончев, носител на листата во Првата изборна единица на Коалицијата „ВМРО за Македонија“,  ќе има средба со граѓани пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, во 11 часот, а носителот во „четвроката“ Љубчо Георгиевски, ќе има прес-конференција во ГТЦ во 12,30 часот.

Коалицијата „Алијансата за Албанците“ ќе одржи митинзи во Чаир во 18 часот и во Студеничани во 20 часот.