Утре, 15 октомври во Струмица ќе се оддржи последната од серијата работилници кои ЦИВИЛ ги организира во рамки на проектот Зелена иднина.
По успешните работлници во Штип, Куманово, Гостивар, Велес и Прилеп, ЦИВИЛ продолжува со несмалено темпо да организира настани, да патува низ земјата со инфо штандовите за директна комуникација со граѓан(к)ите.
Работилницата во Струмица е одлична можност за сите општествено активни граѓанки и граѓани без разлика од каде доаѓаат, дали се дел од невладиниот сектор, или дел од некоја партија, да ги изнесат своите ставови и предлози за социјалната правда, зелените вредности и антинационализмот
Во работниот дел на овој настан, ќе се отвори дискусија за прашањата поврзани со промоцијата и практикувањето на европските вредности и зелените алтернативи, во пресрет на процесите за интеграција на Македонија во ЕУ.
ЦИВИЛ на овие работилници ги поканува сите заинтересирани граѓански организации, зелените иницијативи, политичките партии, медиумите, активистите и заинтересираните граѓанки и граѓани.
Агендата на двочасовниот настан на самиот почеток предвидува термин од 15 минути за изјави за медиумите, а веднаш потоа започнуваат сесии на кои не е дозволено видео и аудио снимање. По презентацијата на проектот „Зелена иднина“ и на поврзаноста меѓу европските и зелените вредности, социјалната и еколошката правда, ќе се отвори дискусија на темите: „Зелени вредности на локално и централно ниво: состојби, предизвици и перспективи“ и „Граѓанското учество во општествените процеси за поддршка на демократските реформи, зелените алтернативи и антинационализмот“.
ЦИВИЛ тим за комуникации