Реакции на Чингоски: Манипулации, спинови, лаги...

Излагањето на адвокатот Владо Чингоски на јавниот настан „Сите за слободни избори“ што ЦИВИЛ во саботата го организираше во Охрид, предизвика многу внимание и во охридската јавност, но и пошироко. Најпрвин, како организатор на настанот, ЦИВИЛ реагираше до порталот Охрид1, поради грешка во новинарската интерпретација на говорот на Чингоски, односно, поради една парафраза која не соодветствуваше ни со неговите зборови, а ни со реалноста. Демантот беше веднаш објавен, за што ЦИВИЛ и се заблагодари на Редакцијата на Охрид1.

CingofbНо, по нападите врз Чингоски на социјалните мрежи, тој мораше да реагира на Фејсбук, иако на видео-снимката од настанот, објавена на една локална ТВ станица, како и на сајтот на ЦИВИЛ, сосема јасно се гледа дека неговите зборови на говорницата на Општина Охрид се извртуваат, а изјавата му се спинува.

И, како тоа да беше малку, порталот „Курир“, потоа го обвини Чингоски дека наводно признал оти сите набљудувачи на „Мост“ биле од СДСМ, што порталот потоа го искористи и за напад врз оваа организација и нејзиниот лидер Дарко Алексов, како и за инволвирање на неизбежниот Сорос.

Тоа предизвика уште една ФБ реакција на Чингоски:

„ Е, бре, курировци, до каде одите со Вашата забеганост. Не сум толку битен, за со извадени од контекст изјави, да мислите дека некого ќе убедите дека ете, СДСМ се инфилтрирал во набљудувачите во ‘Мост’ и така ги лажирале извештаите од изборите. Кој бил набљудувач во ‘Мост’ и на која политичка партија припаѓал, лесно може да се дознае, со оглед дека ‘Мост’ со сигурност во својата архива има документација кој на кое изборно место бил набљудувач.

Која и да Ви е целта со Вашата објава, сте промашиле.

Никако не можете да избегате од фактот и да ја разубедите јавноста, дека не – СДСМ, туку повеќе ВМРО-ДПМНЕ, со својата челична дисциплина која ја спроведува, кооптирате, во сите невладини организации, вклучувајќи го и ‘Мост’ и ЦИВИЛ, кои се задолжени за набљудување, свои партиски активисти.

Мојата цел беше да им укажам на ЦИВИЛ да не дозволи да им се инфилтрираат партиски активисти и да ја променат изборната сликата и фактот, она што курирции го кријат, дека и тие, сиве овие години додека се на власт, инфилтрираат во сите невладини организации свои активисти.

Но, секако дека го имате надминато и вашиот идол Јозеф Гебелс, кој може да Ви завидува на она што Вие го правите“.



Оваа вест е достапна и на: English