ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, 3 декември, организира панел дискусијата под наслов „Рампа“, посветена на (не)прифатеноста на лицата со посебни потреби во општеството, како и на процесите за деинституционализација и пристапноста до услугите од институциите на локално и на национално ниво. Панел дискусијата се одржува на 3 декември, во Музеј на Град Скопје со почеток во 12 часот.
Панелисти на оваа исклучително важна тема се Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје, Душан Томшиќ и Вангел Тркаљанов од Министерството за труд и социјална политика, Благица Димитровска од Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, Куманово и Џабир Дерала, ЦИВИЛ.
Оваа година, ЦИВИЛ одбележува 20 години од основањето, време исполнето со искрена и посветена борба за човекови права и слободи. Имено, првиот проект и јавен настап на ЦИВИЛ пред 20 години е поврзан токму со човековите права на лицата со посебни потреби, како и со поставување на првата пристапна рампа во јавна институција, а тоа беше Музејот на Град Скопје.
ЦИВИЛ Тим за комуникации