Во раните утрински часови, партиски активисти оставиле пропаганден материјал пред вратите на куќи и станови. Ова кршење на изборниот молк се евидентираше во скопските општини Аеродром, Центар и Карпош, каде е вршена агитација со делење пропаганден материјал.
Нашиот набљудувач од терен известува дека еден градоначалник ја злоупотребил својата функција, откако во овој материјал сугерира да се гласа за една партија, каде што стои и неговиот потпис.
Нашиот набљудувач од Струга известува дека низ градот се залепени нови постери, дури и по куќи, сообраќајни знаци и по јавни установи.
Од друга страна, се повторува практиката по социјалните мрежи да се објавуваат резултатите од изборните единици надвор од земјата и во официјалните страници на разни партии на фејсбук повикуваат да се гласа за нивната партија.
Арбана Ќерими