Референдумот, визија за идните генерации порачуваат граѓан(к)ите од источниот регион

Граѓанките и граѓаните во општините Пробиштип, Кратово и Крива Паланка преку пораките „За иднината на моите деца“, „Ти одлучуваш!“, „Деца на транзицијата“, „Визија, перспектива, прогрес“... ги пренесоа своите размислувања за референдумскиот процес.

Гласам, значи постојам, Кратово

Заеднички со екипата на ЦИВИЛ имаа можност и да се информираат за проектните активности на ЦИВИЛ поврзани со процесот на мониторирање на референдумот, но и пораката на организацијата да се излезе на гласање и да се искористи демократската придобивка во донесување на одлуката за иднината на земјата.

Овие настани се дел од проектот „Гласам, значи постојам“ кој е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.