РЕВОЛТ ПОРАДИ УНИШТУВАЊЕТО НА ЗЕЛЕНИЛОТО ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

Група граѓани, станари во строгиот центар на градот, се собраа да изразат незадоволство против одлуката на Град Скопје за сечењето на дрвјата наспроти хотел „Бристол“. Утрово, тие револтирано реагираа на пустошењето во нивната околина.

DSCN2045„Цивил“ излезе на терен и им се придружи во протестот на групата граѓани. Наидовме на тензија и недоразбирања помеѓу жителите на околните маала и градежните работници. На местото на настанот имаше и присуство на полиција, како би се избегнале инциденти.

Од ова место, за сведок и соучесник во сечата беше повикана и обвинета претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.

„Вие не сте зелена, вие сте црна партија“ – ја обвинуваа жителите на Центар, собрани пред струполените дрвја и гнезда пред нивните згради спроти хотел „Бристол“.

Одлуката за отсртанување на зеленилото од овој простор, кој патем е последниот во овој дел од центарот, е донесена во текот на вчерашниот ден од град Скопје. Граѓаните, законски и легитимно имаат право на жалба во рок од 15 дена, но градските власти не ја испочитуваа оваа законска обврска и сепак ги исекоа дрвјата експресно брзо.

На просторот од каде што се отстранува зеленилото, предвидена е изградба на три објекти. Се работи за објект на државна администрација,  административна зграда на ЕЛЕМ и катна гаража.

DSCN2056Некои од граѓаните најавија дека е можно попладнево (беше споменато 17.30 часот) жителите на околните згради да организираат нови протести, па и да се обидат да ја урнат оградата околу градилиштето.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish