РЕФЕРЕНДУМ ЗА ГТЦ: ОТВОРИ ГИ ОЧИТЕ! БИДИ ДЕЛ ОД НАБЉУДУВАЧКИОТ ТИМ!

Како што веќе објавивме, ЦИВИЛ ќе го набљудува спроведувањето на Референдумот за задржување на изгледот на ГТЦ кој ќе се одржи на 26 април 2015 година. На повикот за учество во тимот на набљудувачите се одзваа речиси сите членови на ЦИВИЛ.

Чест ни е да соопштиме и дека во тимот на набљудувачите кои ЦИВИЛ ќе ги акредитира се пријавија видни активистки и активисти и од други организации на граѓанското општество, иницијативи и пленуми. Според планот, процесот ќе го набљудуваат 75 набљудувачи, но таа бројка може и да биде надмината до моментот на поднесувањето на барањето за акредитација до ОИК.

Сите набљудувачи на спроведувањето на референдумот за ГТЦ се ангажираат волонтерски.

Повикот е отворен до утре, петок, 17 април. Со оглед на ограниченото време, доволно е само да ни испратите име и презиме, број на лична карта, телефонски број за контакт и неколку реда во порака по е-пошта или Фејсбук.

Канцеларијата на ЦИВИЛ е отворена за сите прашања поврзани со референдумот и избирачкото право. Контакти: 02/5209176, [email protected],www.facebook.com/civil.mk.

ЦИВИЛ организира двочасовна средба со набљудувачите за обука и координација на 22 април (среда) во ГЕМ Клуб, со почеток во 17:30 часот.