Во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за 11-ти декември, Грин ЦИВИЛ разговараше со министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски, за сите актуелни теми кои го допирааат Министерството, а се во контекст на предизборието.
Ташевска Ременски, ја извршува функцијата министер, согласно со Договорот од Пржино, со обврска да ги спречи изборните манипулации со најранливите категории граѓани, корисници на социјални надоместоци, како и злоупотреби на државни функции и службена должност во партиски цели.
Таа за Грин ЦИВИЛ тврди дека има контрола врз ресорното Министерство, но го обвинува нејзниот заменик, дополнителниот министер Диме Спасов, за интензивни партиски активности во работно време. Посочува дека ги презема сите мерки за да ги спречи изборните злоупотреби и да ги затвори отворените партиски штабови на власта во просториите на Министерството. Ташевска Ременски тврди дека бројот на невработени во државата е целосно нереално прикажан, исто како и бројот на корисници на социјална помош. Со цел да се избегнат изборни манипулации со социјално загрозените категории граѓан(к)и, министерката најавува дека обвновата на документите ќе се врши во постизборниот период, од 19-ти декември до 27-ми јануари. Таа е категорична дека секаква партиска активност во Министерството ќе биде строго санкционирана.
Моника Талеска
Камера: Дехран Муратов