Рокот за пријавување на прилозите на граѓанските новинари завршува на полноќ на 4 септември (недела). Интересот на граѓанските новинарки и новинари да учествуваат со свои прилози во проектот Граѓански објектив постојано расте.
ЦИВИЛ – Центар за слобода упатува повик до граѓанските новинарки и новинари активно да се вклучат и да ги искористат последните денови до истекување на рокот. Тоа можат да го направат преку свои фотографии, видео и аудио материјали, како и текстови, и на тој начин да придонесат во процесот на креирање слободно и објективно известување за настаните кои се поврзани со кршење на човековите права и слободи и со злоупотребите во изборен контекст и пошироко.
Медиумскиот мрак е повод за аларм до сите продемократски сили во Македонија дека заложбите не само на слободните медиуми, туку и на граѓанките и граѓаните, треба да се интензивира.
ЦИВИЛ додели 35 награди за граѓански новинари за фото и видео стории кои сведочат за најразлични видови кршење на човековите права низ целата земја. Сите истражувачки стории и наградените прилози на граѓанските новинари објавени на веб страниците на ЦИВИЛ се придонес кон јакнење на независното новинарство во земјата. Тие содржини се последната одбрана на слободните медиуми против злоупотребите, корупцијата и манипулациите.
За пристап до ФОРМУЛАР ЗА УЧЕСТВО кликнете ТУКА. Прилозите може да се испраќаат и на [email protected], а доколку материјалот е преобемен, треба да се користат онлајн сервисите за трансфер, како WeTransfer.
Наградите за граѓанските новинар(к)и се дел од проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ, финансиран од National Endowment for Democracy.