Промовирана публикацијата „Ние сме медиумите!“

ЦИВИЛ – Центар за слобода, денеска одржа  двочасовна мултимедијална презентација на проектот „Граѓански објектив“ и  промоција на публикацијата „Ние сме медиумите!“. Публикацијата содржи од искуства, извештаи и извонредни текстови на автори кои пишуваат за слободата на изразувањето, за трансформацијата на медиумите, за македонските состојби, за историјата на граѓанското новинарство…

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=fZRUtV1K7RQ[/youtube]

На настанот зборувашe претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала кој се осврна на проектот и на наградните циклуси за граѓанските новинари. За успешната реализација на проектот, како што посочи Дерала, заслужни се сите чинители вклучени во многубројните активности, како што беа предавачите на обуките, активистите низ цела Македонија, оние кои известуваа за протестите од првите редови, но и целиот тим на ЦИВИЛ.

14937272_325002264545233_1510655559234335415_n

Како што истакна Петрит Сарачини од ЦИВИЛ, улогата на медиумите е да им го направи животот удобен на оние на кои не им е удобно, и да им го направи неудобен животот на оние на кои им е удобно. Тоа е улогата и на граѓанските новинари кои ЦИВИЛ ги промовира и поттикнува.

На денешната презентацијата беше отворена и изложба со фотографии од граѓански новинари и од проектот. Посетителите на настанот имаа можност да ја проследат изложбата и да се запознаат со условите за учество во проектите на ЦИВИЛ, посветени на граѓанското новинарство и на изборното набљудување. На настанот присуствуваа дел од добитниците на наградите, предавачите на семинарите за обуки, претставниците на граѓанските организации и на медиумите, како и голем број на заинтересирани граѓанки и граѓани.

14925449_325001097878683_3099005988485275168_n

Публикацијата „Ние сме медиумите!“ е објавена на македонски, албански и на англиски јазик во печатена форма и во електронска форма на онлајн каналите на ЦИВИЛ.  Онлајн публикацијата можете да ја погледнете тука.

ЦИВИЛ објави и електронско издание на ДВД во кое, освен публикацијата на трите јазици, се поместени и 45 видео-прилози, фотографии и текстови на наградените прилози на граѓанските новинарки и новинари од целата земја.

Граѓански објектив“ е проект во чии рамки граѓанските новинарки и новинари снимија и објавија десетици видео изјави, фотографии и текстови за бројните злоупотреби и кршењето на човековите права во изборен контекст и пошироко.

М. Т.