„Решенија – Политичка култура и дијалог“ е комплексен проект кој вклучува јакнење на јавната свест, едукација и олеснувачки акции за почеток на позитивни промени во земјата. Проектот се имплементираше две години, а неговата средишна идеја стана дел од долгорочната стратегија на ЦИВИЛ. Тој придонесува кон развој на политичката култура и обновување на дијалогот во доменот на политичкиот живот, интер-етничките и интра-етничките односи.
Овој проект и оваа публикација се директен обид да се култивираат конструктивни приоди на политичките актери и носат моќна порака со цел да ги вратат праведноста, пристојноста и политичката зрелост на општествената сцена. Тие го отфрлаат говорот на омраза и ги охрабруваат слободното мислење и барањата за човекови права и слободи на сите нивоа.