Сања Арсовска: Слободата нема да биде подарок!

Младата актерка Сања Арсовска за надвладувањето на стравот, притисоците и манипулациите.

Една од причините поради кои што се наоѓаме во ваква очајна ситуација е што дозволивме некој да си ги присвои зборовите слобода и демократија, да манипулира со нив, да им го смени значењето и притоа,оставајќи впечаток дека е сосема нормално и во ред - кога тие ќе зборуваат за слобода, ние да чувствуваме страв и некаков притисок! А кога ќе зборуваат за демократија, ние да размислуваме за нашите загрозени права.

Слободата не била и нема да биде подарок од ниту една влада. Стравот е тоа што владата ни го подарува, со кој што се храни и на чија сметка владее долго. Да владееш и да се богатиш на сметка на нечиј страв, тоа е многу тажна приказна. Особено за оние исплашените. Затоа, да го надвладееме стравот, да ги надвладееме сите притисци и манипулации и да не дозволиме повеќе никогаш, некој да ни се меша во нашиот сопствен избор.


Кампањата „За слободни избори“ може да ја следите на нашата веб-страница, како и на:

YouTube

Facebook

SoundCloud

Twitter

#ЗаСлободниИзбори
#PerZgjedhjeTeLira
#4FreeElections

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish