„Денеска тука се собрани граѓаните на Република Македонија кои се во борба со фашизмот. Собрани сме од секакви припадности, различни сме по вера, нација, идеологија, и по сé што може човек да замисли. Но, тука сме едно!“, потенцираше активистот Петрит Сарачини, во својот говор на бината пред Собранието.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=BHnkOC1aJE0[/youtube]
Како еден од говорниците кои денес им се обратија на демонстрантите, меѓу кои беа и професорите Иван Бабановски и Бранимир Јовановиќ, портпаролот на СДСМ Петре Шилегов и пејачката Кристина Арнаудова, новинарот и музичар Сарачини им порача „на оние кои аболираат криминалци, а ги апсат граѓаните коишто се бунтуваа против криминалот, против поништување на државата, на правото, на секоја граница на пристојност, тоа нема да им помине!“
„Ако мислите дека ги исплашивте граѓаните на Република Македонија, се лажете, ќе бидеме поспремни, посилни, подстоинствени и поцврсти. Оваа провокација на началниците нема да ја примиме, ние ќе си ја тераме нашата работа, да си ја ослободиме државата од нив. Тие нека си ја тераат нивната, па ќе видиме кој е посилен. Нема правда, нема мир!“, истакна Сарачини.