Шарената револуција ја обои УЈП

Трошиме за чоколадо а ние немаме ни за леб! Тоа е пораката од Шарената револуција до Управата за јавни приходи денеска. Полицијата не ги сопре демонстрантите кога се приближија до кордонот, за да ја обојат зградата на УЈП со боите на Шарената револуција.

DSC_0091

Демонстрантите носеа транспаренти: „И во Идризово ќе ве шараме“, „Дојдете со нас, Сорос дава поголеми сендвичи!“, „Ограбената толпа доаѓа“…

Пред УЈП демонстрантите оставија големо картонско чоколадо.

УЈП со години е институција која се користи како алатка на власта за заплашување, притисок и уцени, според извештаите на релевантни експерти и организации на граѓанското општество, меѓу кои и ЦИВИЛ кој подолго време гласно говори за политички мотивираните постапки на УЈП.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email