Савески: Потребна е експертска влада за демократски избори

На јавната дискусија „Плурализмот и политичката криза“, организирана од ЦИВИЛ - Центар за слобода, Здравко Савески од Левица рече дека и медиумите треба да се посветат на демокрaтизација на државата.
“Следните избори или ќе ја вратат демократијата или ќе бидат вовед во диктатура во Македонија. Левица одбива да учествува на избори кои ќе доведат до диктатура. Процесот од Пржино нуди само лимитиран процес за враќање на демократијата. Голем дел од процесите договорени во Пржино не се ни започнати. Потребна е експертска влада која ќе обезбеди услови за демократски избори“, изјави Савески.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=yhU-pZV-fOU&index=15&list=PL8OKOBhUT4xBTqwyk989YA7ZQD_mKw-ht[/youtube]

Оваа вест е достапна и на: Albanian