Членовите на движењето „Протестирам“ и на Шарената револуција денеска точно напладне блокираа три крстосници во Скопје. Сообраќајот беше прекинат половина час на крстосниците кај Црвениот крст во Центар, Соборниот храм и „Мавровка“.
Демонстрантите најавуваат дека секојдневните протести од 18,00 часот пред Специјално јавно обвинителство во Скопје нема да запрат, туку ќе се засилуваат со дневни герила акции.