Шарената револуција громогласно поздравена на протестот во Нови Сад

Активисти на Шарената револуција пред два дена беа дочекани со громогласен аплауз на протестот во Нови Сад „Поддржи го РТВ“, кој се одржа поради смена на 14 новинари и уредници од информативната програма на јавниот сервис, Радиотелевизијата на Војводина. „Го имаш Пинк, врати го РТВ“, „Јас плаќам, јас гледам, јас бранам“, „Можеби го згаснавте светлото, но нема да го згаснете РТВ“ – беа дел од транспарентите кои можеа да се видат на протестот.

13474142_10153600062342155_52579502_n

Фотографија: Јане Стефанов

Пред илјадниците демонстранти собрани пред зградата на РТВ, новинарите изведоа импровизирана сатирична тв-емисија „Отворено студио“, во која учествуваа познатиот ТВ водител и новинар Зоран Кесиќ, новинарот од популарниот сатиричен портал Њуз.нет Виктор Марковиќ и блогерот Тибор Јона, со која се исмејуваа пропагандата на власта насочена кон оцрнување на протестите.

13474180_10153600061247155_1181201475_n

Активисти на Шарената револуција со подршка за РТВ, Фотографија: Јане Стефанов

Веста за присуството на активисти на Шарената револуција ја пренесоа голем број на медиуми. И тамошните про-владини медиуми обвинуваат дека демонстрантите кои што протестираа пред РТВ се странски платеници, и го врамија присуството на Шарените револуционери во контекст на меѓународна завера против тамошната власт.

Инаку, во Нови Сад за овој петок е веќе најавен и контрапротест на поддржувачите на власта, со мото „Стоп на анархијата“.