Шарената револуција: Протест против заканите на Иванов!

Со транспарент  „Вистинските државници не им се закануваат на граѓаните", започна денешниот протест на Шарената револуција.

DSC_0450

Поддржувачите на оваа движење се собраа пред СЈО, од каде се упатија кон Собранието. Пораката која денес ја упатија, е одговор на последниот говор на претседателот Ѓорге Иванов, кога тој како врховен командант, ја спомна и Армијата како начин за решавање на кризата?!

DSC_0512

Шарените револуционери движејќи се кон Собранието, застанаа пред зградата на Министерството за правда, кое повторно го обфарбаа. На полицијата која ја штитеше зградата и извикуваа: "Вие ќе ги апсите!" и "Браните криминалци", со веќе познатиот слоган - "Шутка не ти бега, Никола!".

DSC_0538

Демонстрантите од Шарената револуција потоа стигнаа пред Собранието на Република Македонија, каде што започнаа со говорите, меѓутоа набрзо ги прекинаа и соопштија дека комбито коешто ја предоводи поворката на Шарената  револуција било запрено на булеварот „Кочо Рацин“, каде возачите биле легитимирани од полицијата. Целата колона тогаш тргна во правец на булеварот.

„Заедно спречивме помилување криминалци, заедно спречивме уште едни фалсификат избори! Нашите другари се на слобода! Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата!“, стоеше во најавата на Шарената револуција за денешниот протест.

Текст и фото: Марија Теговска

 

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish