Во изјава за ЦИВИЛ Медиа денеска во Скопје, потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, го оцени вчерашното обраќање на претседателот Иванов како згрозувачки лов на слободата, правото и еднаквоста на граѓаните.
„Стана јасно дека претседателот којшто ни изгледаше неспособен, има многу посериозни хендикепи. Не знам дали работи под диктат, не знам дали работи под уцена, меѓутоа, она што вчера го чувме, оној лов на вештерки којшто сака да го иницира, а при тоа вештерките се слободата, правото, еднаквоста на граѓаните, е застрашувачки за Македонија. Додека молчеше и седеше во кабинетот, луѓето се смееја, луѓето го критикуваа за неактивност, меѓутоа кога отвори уста, згрозеноста за ваквото сфаќање на политиката, на државата, не институциите, станува стандард“, оцени за ЦИВИЛ Медиа потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.
Инаку, за попладнево е закажана и прес конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој ќе го соопшти официјалниот став по ова прашање но и актуелните случувања во земјава.
Оваа вест е достапна и на: Albanian