Шеќеринска: Режимот заминува!

„Министерот кој велеше дека немаме за леб, а јадеме чоколадо, покажа дека и тој веќе мора да го напушти бродот што тоне. Изгоре кесето, па кумот заминува! Само во оваа приказна, тие сакаат кумот да замине, ама долгот да остане на сите вас... Нема да може така!“, рече Радмила Шеќеринска, потпретседателката на СДСМ на протестот на Шарената револуција синоќа во Прилеп.

Шеќеринска ја коментираше и оставката на министерот за финансии Зоран Ставрески, еден од најблиските соработници на експремиерот Никола Груевски и порача: „Режимот заминува!“

Таа го обвини Уставниот суд за непочитување на законите и Уставот на Република Македонија. Според Шеќеринска, Уставниот суд има двојни аршини во работењето. Едни важат кога одлучува за власта, а сосем други кога се во прашање барањата на народот. Таа побара од Уставниот суд да прекине со заканите што оваа институција ги упатува до Специјалното јавно обвинителство.

Шеќеринска ги повика граѓаните на протести, да се приклучат на Шарената револуција, зашто блиску е денот кога ќе блесне ново сонце над Македонија.

Текст и камера: Моника Талеска

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish