Пратеничката група на СДСМ бара од претседателот на Собранието на Македонија, Трајко Велјановски да закаже итна собраниска седница, на која ќе се изгласаат корпус мерки за помош на настраданите семејства и за спречување на опасноста од појава на заразни болести.
„На околу 50.000 жители од поплавените подрачја им е потребна итна помош. Ги бележиме сите пропусти во организацијата и распеделбата на хуманитарните пратки, но сега не е време за политика. Секој од нас, треба да биде со семејствата кои се соочуваат со сериозни проблеми. Ги повикувам сите пратенички групи да ја поддржат иницијативата на СДСМ, а претседателот на Собранието, Велјаноски во рок од 24 часа може да го одобри барањето“, рече Петре Шилегов, портпарол и пратеник од СДСМ, на денешната прес-конференција.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=U26KgxyY82o[/youtube]
Тој посочи сет мерки за здравствена заштита на граѓаните, за пренасочување на буџетски средства, за прекин на работата по водостојот на реките каде тоа не е нужност и пренасочување на сите сили и ресурси во поплавените подрачја.
М. Талеска